Super Kit-Go Marketi
Пожарот што ја зафати фабриката на Винчини не е само трагедија за една компанија – тоа е голема загуба за сите нас. Винчини е дел од нашето секојдневие- Бренд кој со години не поврзува со вкусот на детството, радоста и традицијата.
Во овие моменти, најважно е да покажеме солидарност. Ова се само дел од производите на Винчини кои можете да ги најдете во нашите маркети, а со секое купување на производите од Винчини, сите ние придонесуваме тие повторно да застанат на нозе и да продолжат да создаваат вредности во нашата земја.
Да бидеме гласни во поддршката – затоа што силата на еден бренд е во неговиот народ. А нашиот народ знае да биде заедно, особено кога е најпотребно.
Поддржете МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОДИ, поддржете ВИНЧИНИ!
